СДСМ БАРА ИСТРАГА ЗА 3.000 ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА Партијата вели дека лажен патриотизам скрива корупција и клиентелизам
Социјалдемократите реагираат на тоа дека Изет Меџити најавува најголема партизација на институциите.
Од СДСМ велат дека Изет Меџити најавува робусна, историски најголема партизација на институциите со вработување на 3.000 партиски кадри во администрацијата, а Мицкоски молчи.
„Таравари рече дека прво треба да се решат етничките прашања а потоа да се зборува за економија. Меџити има стратегија за вдомување прво на партиските кадри. А Мицкоски си молчи. Молкот на Мицкоски значи дека робусната операција за партизацијата на администрацијата е веќе договорена работа пред изборите“, велат од СДСМ.
Според нив ова е скандал од огромни размери, кој говори дека зад лажниот патриотизам се крие систем на клиентелизам и корупција и затоа мора да има одговорност.
„СДСМ бара веднаш да бидат запрени сите вработувања во јавната администрација, целосна истрага за овој скандал и постапка од Државната комисија за спречување корупција“, се наведува во партиското соопштение на СДСМ.