МАКЕДОНИЈА ИМА И ПЛАН И ПРИЈАТЕЛИ Мицкоски се сретна со висок претставник од Стејт департментот

Разговаравме за состојбата во државата, европските интеграции и препреките со кои се соочува земјава на тој план. Имаме идеја, имаме план, Македонија има пријатели!, пишува премиерот.

605

Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук обзнани дека се сретнал со висок претставник на Стејт департментот одговорен за прашањата за Западен Балкан.

„Остварив средба со Александар Касаноф кој е заменик помошник секретар за Западен Балкан, како и за печат и јавна дипломатија во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот“, објави премиерот.






Мицкоски вели дека со Касаноф зборувале за предизвиците со кои Македонија се соочува на патот кон ЕУ.

Разговаравме за состојбата во државата, европските интеграции и препреките со кои се соочува земјава на тој план. Имаме идеја, имаме план, Македонија има пријатели!, пишува премиерот.

Поврзани содржини