„КОСТАЛ“ Е ПРВА КОМПАНИЈА КОЈА СЕ СОГЛАСИ ДА ПЛАЌА КОРПОРАТИВЕН ДАНОК Парите од данокот остануваат во земјава

Министерот за транспорт и врски Александар Николовски вели дека тоа се дополнителни средства во македонскиот буџет кои ќе се трошат за развој на економијата.

472

Прва компанија која се согласи да го плаќа корпоративниот данок од 15% е компанијата „Костал“, изјави денеска во Охрид министерот за транспорт и врски Александар Николоски.

Тој осврнувајќи се на корпоративниот данок рече дека законското решение веќе поминало на Комисијата за економски систем при Владата.






– Оваа законско решение ќе значи дека сите пари ќе останат во Македонија, ќе значи нови работни места, зголемен девизен прилив и економски раст. Тоа се дополнителни средства во македонскиот буџет и очекувам во годините што доаѓаат да се развива соработката и да се отвораат нови работни места, да се зголемува извозот, да се зголемува девизниот прилив и да расте економијата – рече Николоски.

Тој денеска присуствуваше на глобалниот состанок на добавувачи и логистика во рамки на Групацијата „Костал“, каде што истакна дека ова е одлична можност за вклучување на домашните мали и средни компании.

-Mислaм дека овој состанок е голема шанса за многу македонски мали и средни компании кои што можат да се вклучат во синџирот на снабдување на Групацијата „Костел“, што значи отворање на дополнителни работни места, стимулирање на семејните бизниси, стимулирање на малите и средни бизниси и тоа може да значи потенцијално уште поголем економски развој. Ние заедно со тимот на „Костал“ разговараме и за проширување на инвестициите, што беше спомнато и од раководството. Тука сме да помогнеме со сето она што може да го направиме – рече Николоски.

Поврзани содржини