ЛАВРОВ И УШАКОВ ЌЕ СЕ СРЕТНАТ СО АМЕРИКАНСКИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО РИЈАД Виткоф имал долг разговор со Путин
Специјалниот американски пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, синоќа потврди дека патува во Саудиска Арабија на првите директни преговори меѓу САД и Русија за завршување на конфликтот во Украина.В
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, и помошникот на претседателот на Русија, Јуриј Ушаков, утре ќе се сретнат со американски претставници во Ријад.
Оваа информација ја потврди портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков, кој изјави дека Лавров и Ушаков денеска ќе отпатуваат за Ријад по инструкции на Путин.
– Се очекува во вторник, во Ријад, да одржат состанок со американските колеги, состанок кој пред сè ќе биде посветен на обновување на целиот спектар на руско-американските односи – рече Песков.
Специјалниот американски пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, синоќа потврди дека патува во Саудиска Арабија на првите директни преговори меѓу САД и Русија за завршување на конфликтот во Украина.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Виткоф веќе се сретнал со Путин на „многу долг разговор кој траел околу 3 часа. Виткоф, милијардер и инвеститор во недвижности, кој е близок пријател на Трамп, неодамна престојувал во Москва за да обезбеди ослободување на американскиот учител, затворен поради поседување марихуана.
Се очекува и државниот секретар на САД, Марко Рубио, да се сретне со руските претставници во Саудиска Арабија. На состанокот ќе присуствуваат и советникот за национална безбедност на претседателот Трамп, Мајк Волц, како и Виткоф.
ВО РИЈАД УТРЕ ПОЧНУВААТ ПРВИТЕ РАЗГОВОРИ ЗА МИР ВО УКРАИНА Не се знае кој ќе ја претставува Русија