НЕ СМЕЕ ДА ИМА НЕДОПИРЛИВИ ФУНКЦИОНЕРИ Ѓорѓиевски бара да се отповикуваат и советниците во општините

Единствените функционери во државата кои не можат да бидат отповикани, се градоначалниците, што е недозволиво во едно демократско општество и ќе се воведе механизам за отповикување, а истото го бараме и за членовите на Советите на опптините, рече претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски на четвртата дебата за имени на Законот за локалната самоуправа.

355

Градоначалниците се единствените функционери во државата кои не можат да бидат отповикани, што е недозволиво во едно демократско општество, рече денеска претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Тој присуствуваше на четвртиот консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа, каде со министерот, претставници од Министерството за локална самоуправа, градоначалници, експерти, претставници од УНДП и од граѓанскиот сектор се дискутира за клучните реформи што треба да ја направат локалната власт поодговорна и поефикасна. Главното барање, кое беше иницирано од ЗЕЛС уште пред година и половина, е да се воведе механизам за отповикување на градоначалниците, чекор што ќе ја врати вистинската моќ во рацете на граѓаните.






Претседателот Ѓорѓиевски порача дека локалната власт мора да биде ефикасна, отчетна и вистински одговорна пред оние кои им го дале мандатот и довербата. Според него, оваа законска промена е неопходна.

– Мене ми е исклучително драго што ова беше иницијатива уште пред година и половина на ЗЕЛС и на која се надоврзаа сите општини и ми е драго што Министерството за локална самоуправа ја препозна нашата идеја, предлози и барања. Ова е четврта сесија на која што се разговара отворено и транспарентно за сите измени кои што треба да ги претрпи Законот за локална самоуправа. Има прашања што долги години лебдат, поврзано со мандатите на градоначалниците, не биле затворени. Ова е вистинска можност силата да се врати кај суверенот, кај граѓаните. Ние бараме да биде исто и со советниците, така што верувам дека денес ќе произлезат и нови добри предлози кои во перспектива можат да бидат имплементирани – рече Ѓорѓиевски.

Она што ние од самиот почеток го побаравме, а наиде на најголем интерес кај јавноста е отповикувањето на градоначалник, додаде Ѓорѓиевски.

– Тоа е можнос суверенот-граѓанинот повторно да ја има моќта и да го разреши оној кој го изгласал и го назначил, односно градоначалникот. Така што, уште еднаш ја поздравувам иницијативата на Министерството за локална самоуправа и се надевам дека на крајот на денот, сите заеднички ќе допринесеме за едно законско решение кое на долг рок ќе биде во интерес на граѓаните – рече Ѓорѓиевски.

Поврзани содржини