НОВИ ЦЕНИ НА ДЕЛ ОД ГОРИВАТА Еве што поскапува од полноќ

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,198%, кај екстра лесното масло за 1,055 и кај мазутот за 1,452%, додека кај дизелот има намалување за 0,043%.

1,350

Регулаторната комисија ги зголеми цените на бензинот од 95 октани за половина денар, нафтата за горење за еден дена и мазутот за 0,52 денари. Цените на останатите горива остануваат исти.

Новата малопродажна цена на бензинот „еуросупер – 95“ ќе изнесува 79,5, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 73 денари за литар. „Еуросупер – 98“  и понатаму ќе се продава за 81,5, а дизелот  за 73 денари за литар.






Со одлуката на РКЕ за 0,542 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 48,011 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,198%, кај екстра лесното масло за 1,055 и кај мазутот за 1,452%, додека кај дизелот има намалување за 0,043%. Курсот на денарот во однос на доларот, пак, по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,0815%.

Поврзани содржини