КОЛКУ МЕСТА ЌЕ ДОБИЈАТ ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА СРПСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ? Првите излезни анкети покажуваат нов баланс на моќ

Анкетата на приштинската ТВ Клан Косова ја спровеле повеќе од 100 анкетари во 400 гласачки центри, на примерок од 8.000 лица, а слични резултати дадоа и анкетите спроведени од Газета експрес, ТВ7 и РТВ Дукаѓини.

1,019

Првите излезни анкети што ги објави приштинската телевизија Клан Косова, спроведени од „Ипсос“, покажуваат дека на парламентарните избори во Косово најмногу гласови добило Движењето Самоопределување (ВВ) на Албин Курти – 38,2% или 43 пратенички места.

Следува Демократската партија на Косово (ПДК), Мемли Красниќи, со 22,4% или 25 пратенички места и Демократската лига на Косово (ЛДК) на Лумир Абдиџику со 20,1% или 23 пратенички места.






Изборниот праг од 5% го помина и Алијансата за иднината на Косово (ААК) на Рамуш Харадинај во коалиција со Социјалдемократската иницијатива со 7,6% или 9 пратенички места.

Претставниците на српските и на другите малцински заедници, исто така, ќе добијат по 10 места, вкупно 20 во 120-члениот косовски парламент.

Анкетата ја спровеле повеќе од 100 анкетари во 400 гласачки центри, на примерок од 8.000 лица.

Слични резултати дадоа и анкетите спроведени од Газета експрес, ТВ7 и РТВ Дукаѓини.

Претходно, проекција за изборите објави и Коха, според која ВВ ќе освои 42,3%, ПДК 21,3%, ЛДК 20,4%, а ААК 6,3% од гласовите.

На денешните први редовни, а вкупно девети парламентарни избори во Косово од прогласувањето на независноста, се гласаше на 2.533 гласачки места, а право глас имаа 1.970.944 лица во самото Косово и 104.924 во дијаспората. Косовските граѓани во странство гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва, лоцирани во 19 различни земји.

Централната изборна комисија соопшти дека по обработени 90% од гласачките ливчиња, одѕивот е околу 40%.

На изборите учествуваат 28 политички субјекти, од кои 20 политички партии, 5 коалиции, 2 граѓански иницијативи и еден независен кандидат.

КУРТИ ВОДИ, НО НЕМА ЛЕСНО ДА СОСТАВИ ВЛАДА Први излезни анкети по изборниот ден во Косово

Поврзани содржини