СЕМЕЈСТВОТО НА ФРОСИНА БЕШЕ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО Ги виде доказите против возачот

701

Членови на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајна несреќа на пешачки премин на булеварот Партизански одреди биле запознати со постапката и со прибраните докази против обвинетиот 20-годишен возач, а во текот на утрешниот ден нивниот бранител ќе изврши дополнителен увид во доказите.

– Членови на семејството на жртвата во својство на оштетени и законски застапници дадоа исказ и се запознаа со постапката и со прибраните докази. Во текот на утрешниот ден нивниот бранител ќе изврши и дополнителен увид во доказите – потврдија за МИА од Јавното обвинителство.






Дваесет и двегодишната Фросина Кулакова на 29 јануари беше прегазена на пешачки прекин во Скопје. На 20-годишниот возач му е определен притвор од 30 дена. Тој се товари дека делото го сторил до умисла поминувајќи на црвено светло, без возачка дозвола и под дејство на алкохол. За него и претходно имало други кривични пријави.

Поврзани содржини