ЛЕКАРИ СЕ СТЕПАЛЕ ВО ОПЕРАЦИОНА САЛА ВО ШТИП Инцидент во клиничката болница
На 5 февруари во 12:45 часот во СВР Штип, Н.Т. од Штип пријавил дека на работното место во операциона сала во Клиничка болница - Штип бил физички нападнат од неговиот колега З.Ш., на што возвратил, се вели во писменото соопштение од СВР-Штип.
Двајца лекари се степале во Клиничката болница – Штип во текот на вчерашниот ден. Според соопштението на Секторот за внатрешни работи Штип, настанот е пријавен вчера кај нив во 12:45 часот.
„На 5 февруари во 12:45 часот во СВР Штип, Н.Т. од Штип пријавил дека на работното место во операциона сала во Клиничка болница – Штип бил физички нападнат од неговиот колега З.Ш., на што возвратил“, се вели во писменото соопштение од СВР-Штип.
Болницата информираше дека за двајцата вработени е поведена дисциплинска постапка и дека јавноста ќе биде известена за понатамошните постапки.
„Во текот на денешниот ден, од страна на надлежните од болницата случајот е пријавен во СВР-Штип и е поведена дисциплинска постапка за двајцата вработени, се вели во соопштението од Клиничка болница-Штип“.