ОТКРИЕНИ НОВИ ДЕТАЛИ ЗА КРИМИНАЛОТ СО ПОЛИЦИСКИТЕ ВОЗИЛА Обвинителството објави детали од денешната акција во МВР
До овој момент, извршени се претреси на 16 локации, по наредба од судија на претходна постапка и во согласност со барањето на јавниот обвинител. Постапката е во рана фаза, и затоа во моментов не можеме да соопштиме повеќе детали, велат од ОЈО.
По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, Министерството за внатрешни работи започна предистражна постапка за злоупотреби поврзани со јавни набавки за сервисирање на службени возила. Истрагата вклучува дел од вработените во Одделот за општи и заеднички работи на МВР, кои се осомничени за злоупотреба на службената должност и договори со економски оператори.
„До овој момент, извршени се претреси на 16 локации, по наредба од судија на претходна постапка и во согласност со барањето на јавниот обвинител. Постапката е во рана фаза, и затоа во моментов не можеме да соопштиме повеќе детали. Меѓутоа, целта на истрагата е да се истражат наводите за злоупотреба и незаконски договори кои вклучуваат јавни набавки“, информираат од Обвинителство.
Претходно, Министерството за внатрешни работи спроведе голема акција во која беа вклучени претреси во канцеларии на високи функционери, како и во познати автосервиси, кои дотогаш ги сервисирале полициските возила.
Истрагата откри сериозни неправилности, при што возилата останувале во неисправна состојба со месеци, а некои дури не биле поправени. Во текот на истрагата се утврди и дека дел од вработените во МВР и економските оператори договарале нови тендери кои биле штетни за државниот буџет.
Оваа акција на МВР е дел од поширока стратегија за борба против корупцијата и спречување на злоупотреби во државните институции.