ИСПЛИВАА НОВИ ПОРАКИ ПОМЕЃУ БЛЕЈК ЛАЈВЛИ И ЏАСТИН БАЛДОНИ Сочни се, еве дали имало сексуално вознемирување
Џастин Балдони објави пораки за кои тврди дека ги добил од Блејк Лајвли, неговата колешка од „Ова завршува со нас“ (It Ends With Us), во кои тие наводно разговарале како една од сцените да биде „поинтересна и попривлечна“.
Џастин Балдони објави пораки за кои тврди дека ги добил од Блејк Лајвли, неговата колешка од „Ова завршува со нас“ (It Ends With Us), во кои тие наводно разговарале како една од сцените да биде „поинтересна и попривлечна“.
Ова доаѓа откако Блејк поднесе тужба против Балдони за сексуално вознемирување и обид да ја наруши нејзината професионална репутација.
На првото судско рочиште, кое се одржа на 3 февруари, адвокатот на Блејк Лајвли, Мајкл Готлиб, го обвини тимот на Балдони дека дава „вознемирувачки вонсудски изјави“ за медиумите. Правниот застапник на Балдони, Брајан Фридман, возврати обвинувајќи го тимот на Блејк Лајвли дека се обидува да му наметне „забрана на говорот“ за да го спречи да комуницира со медиумите.
Судијата Луис Лајман ги прекори двете страни, истакнувајќи дека „на јавноста и дале обемен материјал за дебата“.
Балдони, кој поднесе противтужба за клевета, неодамна отвори веб-страница на која се објавени судски документи, вклучително и СМС-пораки за кои тој тврди дека Блејк Лајвли му ги праќала.
Една од клучните сцени кои во пораките се случува е на покривот на една зграда, каде ликовите Лил и Рајл за првпат се среќаваат. Нивниот разговор е замислен како меѓусебен флерт, со што се поставуваат темелите за нивното пријателство, а подоцна и романтична врска.
Според тимот на Балдони, разговорот по пат на пораката датира од 8 април 2023 година. Во него Блејк наводно изразува желба сцената со флерт дополнително да го нагласи карактерот на нејзиниот лик.
„Ти си апсолутно најдобар. Ти благодарам“, наводно му напишала откако тој и дал дозвола да го измени дијалогот.
Во подоцнежна порака, Лајвли наводно му пишува: „Можам да ти ја испратам мојата верзија на сцената на покривот или да ја поминеме заедно следната недела. Кажи ми што повеќе ти одговара“.
„Да ме познаваш подолго, ќе разбереше дека моето задевање може да изгледа заводливо и шармантно“, наводно продолжува Блејк. „Тоа е мојот љубовен јазик – зачинет и храбар, но никогаш не гризам. И подеднакво е важно тој да ми возврати со иста мерка“.
Балдони, наводно, одговорил дека сака нејзиниот лик да биде „силен, смешен, разигран и храбар“.