НАПОЛНЕТЕ СИ ВОДА УШТЕ ВЕЧЕРВА Ќе секнат чешмите во Нерези и во Тафталиџе
„Прекинот ќе биде од 09 часот до завршување со активностите“, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.
Од скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ известуваат дека утре (среда) поради санирање на дефект на два затворачи од Ф-125 мм и Ф-100 мм на улица Васил Чакаларов бб (Митрополит Теодосиј Гологанов) во општина Карпош, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населба Тафталиџе и населба Нерези.
„Прекинот ќе биде од 09 часот до завршување со активностите“, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.