Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска свечено го отворија новиот спортски центар во Средното општинско училиште „Киро Спанџов – Брко“.
Овој нов спортски комплекс ќе им овозможи на младите подобри услови за спортување, развој на нивните таленти и промоција на здравиот начин на живот.
Во рамки на спортски центар во Кавадарци изградено е фудбалско игралиште со вештачка трева, кошаркарско игралиште со полипропиленски под и просторот е опремен со урбана опрема за спорт и рекреација.
– Продолжуваме со реализација на проектите што ни се зацртани како приоритетни цели со инвестиции во спортот и во спортската инфраструктура. Ова е уште еден проект кој Министерството за спорт го реализира со цел да се подобри спортската инфраструктура низ целата држава. Вложувањето во спортот е вложување во иднината на нашите млади генерации. Нашата цел и заложба на младите да им обезбедиме услови за да се посветат на спортот, да го развиваат својот талент и да негуваат вистински спортски вредности- истакна министерот Ристовски.