УХМР ИЗДАДЕ ЖОЛТО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ИНТЕНЗИВЕН ДОЖД Ќе грми во Западна Македонија
Денеска попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поинтензивни. Во западните делови ќе има услови за појава на грмежи, соопшти УХМР.
Управата за хидрометеоролошки работи издаде жолто предупредување за дожд во повеќе региони на Македонија.
„Денеска попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поинтензивни. Во западните делови ќе има услови за појава на грмежи“, соопшти УХМР.
И утре ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови каде повремено ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи.
Во петок и во сабота времето ќе биде стабилно, а во недела попладне, во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник претпладне се очекуваат врнежи од дожд, а на планините од снег. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурата.