СПРЕЧЕН ОБИД ЗА ШВЕРЦУВАЊЕ БРЕНДИРАНИ ЧАНТИ ВРЕДНИ 50.000 ЕВРА Вмешан е и моден креатор што живее во Франција

Против една од пријателките на модниот креатор во чиј багаж се пронајдени чантите е поднесена кривична пријава.

2,746

Две пријателки кои патувале со лет од Париз за Скопје во договор со македонски моден креатор кој престојува во Франција се обиделе во државава да прошверцуваат 16 луксузни чанти од брендот Loewe со вкупна вредност од 3,1 милион денари (50.406 евра), соопшти Царинската управа.

Како што соопштија од Царината, кога  слетале на меѓународниот аеродром во Скопје патничките се упатиле на зелениот канал со намера нелегално да ги пренесат чанти од луксузни брендови и да избегнат плаќање давачки кон државата во висина од 924.000 денари (15.024 евра). Царинските службеници ги застанале за детална контрола при што во куферите на една од патничките, инаку македонски државјанки, ги пронајдоа луксузните чанти.






Против неа е поднесена кривична пријава до Основно јавно обвинителство Скопје поради сомнение дека сторила кривично дело криумчарење.

 

Поврзани содржини