📽️ МИЦКОСКИ ЈА ЕВРОПЕИЗИРАШЕ МАКЕДОНИЈА Бугарски аналитичари коментираат како македонскиот премиер ја оставил Фон дер Лајен без зборови

Според бугарски аналитичари, за време на работната посета во Брисел пред три недели, македонскиот премиер Христијан Мицкоски побарал реципрочно признавање на македонското малцинство во Пиринскиот крај, потенцирајќи дека во 1947 година официјална Софија веќе го има признаено постоењето на Македонци во Бугарија.

1,415

Премиерот Христијан Мицкоски го интернационализираше прашањето за македонското малцинство во Бугарија, поставувајќи го директно пред Европската комисија, тврдат бугарски аналитичари.

Според нив, за време на работната посета во Брисел пред три недели, Мицкоски побарал реципрочно признавање на македонското малцинство во Пиринскиот крај, потенцирајќи дека во 1947 година официјална Софија веќе го има признаено постоењето на Македонци во Бугарија.






– Урсула фон дер Лајен остана без зборови. Немаше никаков одговор, никаква реакција. Ова е првпат Македонија да го наметне ова прашање на европско ниво – велат аналитичарите.

За време на работниот ручек организиран од претседателката на Европската комисија, Мицкоски ја потенцирал важноста на Планот за раст на Западен Балкан, но и потребата од елиминирање на билатералните пречки во процесот на евроинтеграција.

– Подвлеков дека регионот и државата се уморни од пречки кои се билатерални и не се дел од објективните критериуми за пристапување во Унијата. Мора да се направат поголеми напори за внесување доверба и кредибилност на целиот процес – изјави Мицкоски.

Тој нагласил дека Македонија останува посветена на својата стратешка цел – полноправно членство во Европската Унија, но напредокот мора да биде заснован на реални и одржливи критериуми, без дополнителни услови кои не важат за останатите земји-кандидати.

Посетата на Брисел се гледа како дел од пошироката стратегија на Владата за засилена дипломатска офанзива во пресрет на новите предизвици во евроинтегративниот процес. Мицкоски веќе неколку пати порача дека Македонија нема да прифати нови политички услови кои би го забавиле патот кон ЕУ.

Останува да се види како Европската комисија ќе одговори на оваа иницијатива и дали прашањето за Македонците во Бугарија ќе добие поголемо внимание во европските институции.

Поврзани содржини