НЕ САКААТ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД САД Дури 85% од жителите на Гренланд се против понудата на Трамп

Анкетата спроведена од агенцијата „Вериан“, побарана од данскиот весник Берлингске, покажа дека само 6% од Гренланѓаните се за приклучување кон САД, додека 9% отсто се неопределени.

500

Новото истражување на јавното мислење покажа дека 85% од Гренланѓаните не сакаат нивниот остров да стане дел од САД, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повика САД да ја преземат контролата врз данската територија.

Анкетата спроведена од агенцијата „Вериан“, побарана од данскиот весник Берлингске, покажа дека само 6% од Гренланѓаните се за приклучување кон САД, додека 9% отсто се неопределени, пишува Гардијан.






Анкетата дојде кога данската премиерка Мете Фредериксен рече дека Европа мора да „се држи заедно“ во светлината на променливите односи со САД, за време на турнејата низ Берлин, Париз и Брисел.

Поврзани содржини