НАСТАВНИК ОСОМНИЧЕН ДЕКА НАПАДНАЛ УЧЕНИК Пријава за 54-годишник во дебарско

Тој, во кабинет во подрачно училиште во дебарско село, физички нападнал ученик во училиштето, се вели во полицискиот билтен.

184

Наставник од подрачно училиште во село близу Дебар е осомничен дека нападнал ученик, информираше МВР.

„ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Е.С.(54) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘насилство врз дете’. Тој, во кабинет во подрачно училиште во дебарско село, физички нападнал ученик во училиштето“, се вели во полицискиот билтен.

Поврзани содржини