📷 dm ГИ СНАБДИ ДРЖАВНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ СО 130.000 БЕСПЛАТНИ ВЛОШКИ Кампањата „Никогаш сама“ продолжува и во новиот семестар
Во свет каде што многу жени се соочуваат со предизвици за пристап до основни хигиенски производи, оваа иницијатива стана светло на надеж. Таа поттикнува свест за важноста на менструалната хигиена и создава безбедно опкружување за сите жени. Секој диспанзер не е само донација на хигиенски влошки, туку и симбол на поддршка, солидарност и разбирање, изјави ристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm.
„Здраво, јас сум Бести и со мене никогаш повеќе не си сама!“ – вака гласи пораката на кампањата на dm drogerie markt со која оваа година компанијата продолжува да ги снабдува државните универзитети со хигиенски влошки. За овој семестар, компанијата снабдува 130.000 хигиенски влошки од приватната марка Jessa.
„Со донација на повеќе од 200 диспанзери минатата година и повеќе од 100.000 хигиенски влошки на сите државни факултети, dm покажа дека грижата за жените и нивното здравје е приоритет“, соопштија од dm за кампањата која, како што велат, „не само што ја осветли важната тема за менструална хигиена, туку и ја подигна свеста за менструалната правда во нашата земја“.
Вредноста на проектoт на dm досега изнесува речиси 2 милиони денари.
Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm, вели дека донацијата симболизира поддршка и солидарност за жените.
– „Никогаш повеќе сама“ за нас е многу повеќе од само кампања. Во свет каде што многу жени се соочуваат со предизвици за пристап до основни хигиенски производи, оваа иницијатива стана светло на надеж. Таа поттикнува свест за важноста на менструалната хигиена и создава безбедно опкружување за сите жени. Секој диспанзер не е само донација на хигиенски влошки, туку и симбол на поддршка, солидарност и разбирање – изјави Дуранска.
Покрај поставувањето на диспанзерите со бесплатни влошки, иницијативата на dm беше збогатена со различни активности. Се одржаа 2 панел-дискусии на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и „Гоце Делев“ во Штип, посветени на женското здравје придонесе за подигање на свеста и разбирањето за важноста на менструалното здравје.
Компанијата порачува дека „едукацијата е неизоставен дел од секоја кампања на dm, па така и од оваа – информираноста на жените за менструацијата и менструалното здравје е исклучителна компонента на која посветуваат огромно внимание“.
„За оваа цел, тие вклучија стручни лица кои активно работат на овие теми, нудејќи совети и образовни содржини. Тие се тука за да ги поддржат жените со информации и ресурси, што е клучно за разбирањето и управувањето со менструалното здравје“, се вели во соопштението на dm.
На дискусиите Снеже Велков и Цеце Николова зборуваа за тоа како менструацијата ги следела во текот на студентските денови, додека пак инфлуенсери се приклучија на Red Outfit предизвикот, односно облекоа црвено во знак на поддршка за менструалното здравје.
„Забележителни се и реакциите кои покажуваат дека многу жени се охрабрени да зборуваат за своите искуства. Интервјуата кои Бести ги правеше со некои јавни личности, добија посебно место во нашите срца бидејќи беа поставени и одговорени многу интересни прашања кои допираат длабоко во коренот на оваа тема, а рубриката ,,Бести истражува“ ни ги отвори очите за многу информации кои досега не ни беа познати“, велат од dm.
Покрај тоа, од компанијата велат дека се презадоволни од медиумскиот одзив на кампањата. Пораките и активностите на „Никогаш повеќе сама“ добија широк публицитет, што дополнително ја зголеми свеста и иницираше разговори во јавноста.
„Никогаш повеќе сама“ е иницијатива која инспирира, охрабрува и обединува. Затоа, запомни: Никогаш не си сама – Bestie е тука за тебе, а dm е тука за вас обете. Заедно, можеме да направиме разлика и да создадеме свет во кој секоја жена има пристап до основните хигиенски производи и може да се чувствува слободно и достоинствено“, порачуваат од dm.