МИЦКОСКИ ИМА РАЗБИРАЊЕ ЗА БОЈКОТОТ НА МАРКЕТИТЕ Премиерот најави реакција на институциите

Тој оцени дека е кривично дело тоа што два големи синџири на маркети се обиделе да го изиграат законот за нефер практики со тоа што на производителите им давале договори со 10% маржа, а потоа им се нудат специјални договори, во кои  маржата се зголемува на 40 до 45%.

2,037

Премиерот Христијан Мицкоски има разбирање за акцијата на граѓаните овој петок да се бојкотираат маркетите поради високите цени, по примерот на Хрватска.

– Тука не треба да имаме никаква дилема, бидејќи од самиот почеток зборувам за однесувањето на поединци во овој бизнис и дека на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат високи профити. Институциите, пазарните инспекторати ја следат ситуацијата и навремено реагираат – изјави Мицкоски.






Тој оцени дека е кривично дело тоа што два големи синџири на маркети се обиделе да го изиграат законот за нефер практики со тоа што на производителите им давале договори со 10% маржа, а потоа им се нудат специјални договори, во кои  маржата се зголемува на 40 до 45%.

-Ако ова се случува е кривично дело и треба да ги кажете маркетите, да ги кажете пред органите задолжени за тоа – рече Мицкоски.

На социјалните мрежи граѓани деновиве повикуваат да се бојкотираат маркетите поради енормното зголемување на цените на производите.

Поврзани содржини