📷 ОБЈАВЕН ОФИЦИЈАЛНИОТ ПОРТРЕТ НА МЕЛАНИЈА ТРАМП Првата дама ги остави сите без зборови, каква ли порака пренесува?
Фотографијата на Меланија Трамп е направена од белгискиот фотограф Реџин Махо, која го фотографира семејството Трамп повеќе од 20 години.
Официјалниот портрет на првата дама на САД, Меланија Трамп, ја здогледа светлината на денот.
Фотографијата на Меланија Трамп е направена од белгискиот фотограф Реџин Махо, која го фотографира семејството Трамп повеќе од 20 години.
Фотографијата е направена на 21 јануари 2025 година. Реџин го направи и официјалниот портрет на Меланија Трамп во 2017 година.
First Lady Melania Trump’s Official White House Portrait pic.twitter.com/pMdooFZW53
— First Lady Melania Trump (@FLOTUS) January 27, 2025
„Навистина ми е чест што ме избраа повторно да го снимам портретот. Како уметник, голема привилегија е да се работи со таква инспиративна жена. Таа е перфекционист“, изјави фотографот за Би-Би-Си.
Сопругата на Доналд Трамп позираше потпрена на маса во Белата куќа. За таа прилика, таа носеше сако од Долче и Габана, кое чини речиси 3.000 долари (околу 2.870 евра).
За потсетување, Меланија Трамп беше една од главните теми на светските медиуми по инаугурацијата на Доналд Трамп, каде го привлече вниманието со модните комбинации.
За церемонијата на положување заклетва, носеше морнарско-сина и слонова коска комбинација, вклучувајќи и шешир, од американскиот дизајнер Адам Липес. За вечерните инаугуративни балови, носеше црно-бела тоалета дизајнирана од нејзиниот долгогодишен стилист Ерве Пјер.