Вчера во 14.50 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле 43-годишниот Ј.Џ. од Гостивар поради основано сомнение дека на 25 јануари годинава извршил „тешка кражба“, при што од 40-годишниот А.Б. од Гостивар му одзел гулаби.
„Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, се вели во полицискиот билтен.