ПРОДОЛЖУВААТ СТУДЕНТСКИТЕ ПРОТЕСТИ ВО СРБИЈА Почнува 24-часовна блокада на најголемиот сообраќаен центар во Белград
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека таквата блокада е незаконска, „побара од полицијата во секој случај да го обезбеди собирот и да спречи потенцијални инциденти“.
Српските студенти за денеска најавија 24-часовна блокада на Автокоманда, еден од најголемите сообраќајни центри во Белград и ги повикаа граѓаните да им се придружат на овој митинг, кој уште еднаш ќе потсети на барањата на кои протестираат веќе два месеци. Тие најавија дека денеска во 10 часот ќе започнат 24-часовна блокада на Автокоманда во Белград.
🕐 10:00
📍AUTOKOMANDAVidimo se! pic.twitter.com/hlNAgwn64b
— ETF Blokada (@etfblokada) January 26, 2025
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека таквата блокада е незаконска, „побара од полицијата во секој случај да го обезбеди собирот и да спречи потенцијални инциденти“.
Сообраќајот во моментов се одвива нормално, а на улиците има полицајци, но само онолку колку што е вообичаено за утринскиот сообраќај.
Студентите најавија дека ќе ја блокираат Автокоманда бидејќи сметаат дека барањето за објавување на комплетната документација за реконструкцијата на главната железничка станица во Нови Сад, каде 15 лица загинаа, а двајца беа тешко повредени при уривање на настрешница на 1 ноември, не е целосно исполнето.