БЕГАЛЕЦ ОД ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО ФАТЕН ВО ОХРИД 35-годишникот бил баран со потерница за извршена тешка кражба

Б.И. е осуден за кривично дело „тешка кражба" на казна затвор од осум години и седум месеци, а за доиздржување има пет години, седум месеци и осум денови. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа, се вели во полицискиот билтен.

931

Бегалец од скопскиот затвор Идризово е фатен во Охрид. Полицајците од Секторот за меѓународна полициска соработка -Отсек потраги во содејство со НККР Гостивар го фатиле 35-годишниот Б.И. околу 4.45 часот на улицата Пере Тошев.

Б.И. од с.Горно Татеши, Струга, бил баран со централна потерница.






„Б.И. е осуден за кривично дело „тешка кражба” на казна затвор од осум години и седум месеци, а за доиздржување има пет години, седум месеци и осум денови. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа“, се вели во полицискиот билтен.

Поврзани содржини