📽️ ДРАМА ВО СКИ-ЦЕНТАР ВО ШПАНИЈА Десетици се повредени откако се урна ски-лифт

Неколку хеликоптери работеа во областа за да ги спасат скијачите кои се уште беа заробени на лифтот и да ги пренесат повредените во блиските болници.

379

Ски-лифт се урна денеска во шпанскиот регион Арагон, при што се повредени најмалку 30 луѓе, соопшти регионалната влада. Околу 80 луѓе остануваат заробени да висат од лифтот во ски-центарот Астун, во провинцијата Хуеска.

Причината за штетата останува непозната.






Раководството на ски-центарот одбива да коментира и засега не се знае дали меѓу повредените има и странци.

 

 

Неколку хеликоптери работеа во областа за да ги спасат скијачите кои се уште беа заробени на лифтот и да ги пренесат повредените во блиските болници.

Скијачкиот центар Астун, кој е популарен претежно меѓу шпанските скијачи, се наоѓа во близина на границата на Шпанија со Франција, во планинскиот венец Пиринеите.

Поврзани содржини