ИМА САМО ЕДНА СТРАТЕГИЈА ЗА КРАЈ НА ВОЈНАТА И ТАА ЗАВИСИ ОД ПУТИН Трамп потврди дека наскоро ќе се сретне со рускиот претседател

Знам дека (Путин) сака да се сретнеме и ќе се сретнам со него многу скоро. Ќе го направев тоа и порано, но... првин морам да влезам во канцеларија, изјави новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп.

526

Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, изјави дека „многу скоро“ ќе се сретне со рускиот претседател, Владимир Путин, откако следната недела ќе ја преземе функцијата.

Тој не го даде рокот за средбата која ќе биде прва меѓу лидерите на двете земји од почетокот на руската војна со Украина во февруари 2022 година.






– Има само една стратегија и таа зависи од Путин. Не можам да замислам дека е премногу воодушевен од начинот на кој сѐ се одвиваше бидејќи ни нему не му одеше баш најдобро. Знам дека сака да се сретнеме и ќе се сретнам со него многу скоро. Ќе го направев тоа и порано, но… првин морам да влезам во канцеларија – изјави Трамп за Њузмакс одговарајќи на прашање за неговата стратегија за завршување на војната.

Американскиот конгресмен, Мајк Волц, идниот советник за национална безбедност, во неделата изјави дека очекува разговор меѓу Трамп и Путин во „наредните денови и недели“.

Руската инвазија на Украина остави десетици илјади мртви, милиони раселени и ја предизвика најголемата криза во односите меѓу Москва и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година.

Поврзани содржини