Една недела пред големиот христијански празник Богојавление – Водици, нуркачите од Клубот за подводни дејности „Охрид“ вчера го чистеа Охридското Езеро кај градското пристаниште, каде на 19 јануари ќе биде положен чесниот крст по кој ќе запливаат стотици капачи, објави Охрид њуз.
Од езерското дно е извадена поголема количина најразличен цврст отпад.
Во акцијата за отстранување на опасен отпад од езерото кој може да ја загрози и безбедноста на капачите, учествуваа дваесеттина нуркачи.