СТУДЕНО И СНЕЖНО ВРЕМЕ ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Ќе има појава на голомразица и снежни наноси

Најниски температури измерени се во Маврови Анови и Попова Шапка  -7 степени Целзиусови, во Крушево -6 степени Целзиусови, додека во Берово и Прилеп измерени се -3 степени Целзиусови. 

391

До крајот на денот нè очекува облачно и студено време со повремени врнежи од снег. Поради ниските температури и северниот ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Како што информираат од УХМР, највисока снежна покривка измерена е во Попова Шапка со 64 сантиметри снег, Маврови Анови 50 сантиметри, Штип 30 сантиметри, Тетово 26 сантиметри, додека во Крушево 24 сантиметри.






Најниски температури измерени се во Маврови Анови и Попова Шапка  -7 степени Целзиусови, во Крушево -6 степени Целзиусови, додека во Берово и Прилеп измерени се -3 степени Целзиусови.

Од УХМР велат дека утре времето ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од -3 до 3 степени Целзиусови.

 

Поврзани содржини