СТУДЕНТИТЕ НА ПРОТЕСТ ВО БЕЛГРАД И ВО НИШ Бараат од Уставниот суд да ги заштити уставот и правата на граѓаните

Во Белград, во 16.30 часот студентите и граѓаните молчеа 15 минути, а по интонирањето на химната на камион се истакнати сите најнови уставни прекршувања.

554

Неколку илјади студенти на Техничките факултети на Универзитетот во Белград денеска со блокада на Уставниот суд протестираат со цел да укажат на кршењето на Уставот и да ги потсетат граѓаните на загарантираните права.

Во исто време, протест се одржува и во Ниш, под слоганот „Бани во Бановина“, како и во Нови Сад.






Во Белград, во 16.30 часот студентите и граѓаните молчеа 15 минути, а по интонирањето на химната на камион се истакнати сите најнови уставни прекршувања.

Во Ниш се блокирани две раскрсници, едната кај Младинскиот мост каде се сместени студенти, а на неколку стотини метри, кај Палатата на правдата, раскрсницата е блокирана од граѓани.

Поврзани содржини