📷 МИСЛЕЛЕ ДЕКА ОДАТ НА ОБУКА, НО ГИ ПРАЌАЛЕ НА ФРОНТОТ Руските и севернокорејските војници си ги убиваат соборците за да прикријат докази

Севернкорејските затвореници не зборуваат украински, англиски или руски, така Украинскиот лидер, Володимир Зеленски, сподели фотографии за кои тврди дека покажуваат заробени севернокорејски војници и нивните документи. Севернкорејските затвореници не зборуваат украински, англиски или руски, така што комуникацијата со нив се одвива преку корејски преведувачи во соработка со јужнокорејското разузнавање, соопшти Украинската безбедносна служба СБУ.

971

Украинските војници заробиле севернокорејски војници во Курскиот регион, во Русија, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Тоа се двајца војници кои, и покрај повредите, преживеаја. Тие беа пренесени во Киев и разговараат со истражителите на Службата за безбедност на Украина. Тоа не беше лесна задача: обично Русите и другите севернокорејски војници ги убиваат своите соборци и прават сѐ да спречат докази за учеството на друга држава – Северна Кореја – во војната против Украина“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Фејсбук.






Украинскиот лидер сподели и фотографии за кои тврди дека покажуваат заробени војници и нивните документи. Тој им се заблагодари на членовите на Тактичката група бр. 84 на Силите за специјални операции на вооружените сили на Украина и падобранците кои ги заробија овие војници.

Украинската безбедносна служба СБУ во саботата даде повеќе информации за двајцата војници. Во соопштението се вели дека едниот воопшто немал документи, додека, пак, другиот носел руска воена лична карта на име на маж од Тува, руски регион кој граничи со Монголија.

„Затворениците не зборуваат украински, англиски или руски, така што комуникацијата со нив се одвива преку корејски преведувачи во соработка со јужнокорејското разузнавање“, се вели во соопштението, објави Москов тајмс.

Според СБУ, еден од војниците тврдел дека му било кажано дека оди во Русија на обука, наместо да се бори против Украина.

Агенцијата соопшти дека на двајцата им била укажана медицинска нега во согласност со Женевските конвенции и дека се испитани „во соработка со јужнокорејското разузнавање“.

Висок украински воен претставник минатиот месец изјави дека неколку стотини севернокорејски војници, кои се борат заедно со руските сили во Курск, се убиени или ранети во битка.

Официјалниот претставник ја даде првата значајна проценка на севернокорејските жртви неколку недели откако Украина објави дека Пјонгјанг испратил 10.000-12.000 војници во Русија за да ѝ помогне во нејзината речиси 3-годишна војна против нејзиниот многу помал сосед.

Белата куќа и Пентагон минатиот месец потврдија дека севернокорејските сили се бореле на фронтот главно на позиции на пешадија. Тие се бореле со руските единици, а во некои случаи и независно околу Курск.

Поврзани содржини