📽 ПОЖАРОТ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС ПУСТОШИ ПО ХОЛИВУД Познатите ѕвезди останаа без покрив над главата

Повеќе од 130.000 луѓе беа принудени да се евакуираат поради пожарот. Актерот Били Кристал и неговата сопруга Џенис за Еј-Би-Си Њуз изјавиле дека ја изгубиле куќата во таа населба. Синот на актерската двојка Том Хенкс и Рита Вилсон, Чет Хенкс, на Инстаграм напиша дека населбата во која пораснал гори до темел.

497

Масовните пожари кои зафатија делови од Лос Анџелес се проширија во Холивуд, јавува Би-Би-Си. Бројни познати личности и филмски ѕвезди останаа без покрив над главата. Пламените јазици се закануваат да ги проголтаат нивните куќи.

На социјалните мрежи се појавија снимки од пожарите. На една од нив може да се види како гори близу знакот Холивуд на познатото брдо.






Повеќе од 130.000 луѓе беа принудени да се евакуираат поради пожарот, додека ветровите дополнително придонесуваат за ширење на пожарот. Најтешка е ситуацијатао во една од најбогатите населби во САД, Пацифик Палисадес.

Актерот Били Кристал и неговата сопруга Џенис за Еј-Би-Си Њуз изјавиле дека ја изгубиле куќата во таа населба.

– Зборовите не можат да го опишат обемот на уништувањето. Чувствуваме тага за нашите пријатели и соседи кои исто така ги загубија своите домови и бизниси во оваа трагедија. Џенис и јас живееме во таа куќа од 1979 година. Ги одгледавме нашите деца и внуци таму. Секој дел на нашата куќа беше исполнета со љубов -рече тој.

 

 

Во пожарот домот го загуби и американската актерка и пејачка Парис Хилтон. Нејзиниот претставник потврди дека нејзината куќа е уништена.

Актерката Џејми Ли Кертис рече дека нејзиниот дом е безбеден, но дека целата населба ја нема.

 

„Толку многу луѓе изгубија сè. Помогнете каде можете. Ви благодариме на спасувачките тимови и пожарникарите“, напиша Кертис на Инстаграм.

Синот на актерската двојка Том Хенкс и Рита Вилсон, Чет Хенкс, на Инстаграм напиша дека населбата во која пораснал гори до темел.

Актерката Менди Мур се соочува со пожарот во Итон, каде на 52.000 луѓе им е наредено да се евакуираат. Нејзиниот дом се наоѓа во населбата Алтадина, а актерката им се заблагодарила на пријателите кои на нејзиното семејство му обезбедиле сместување за време на евакуацијата.

Поврзани содржини