СДСМ НЕМА ДА ГИ ПОДДРЖИ ИНТЕРПЕЛАЦИИТЕ ЗА ТОШКОВСКИ, МЕЏИТИ, СТОИЛКОВИЌ И ЗА ИСЕНИ Четирите предлози се поднесени од ДУИ

На пленарната собраниска седница во петок закажани се четири интерпелации поднесени од ДУИ и тоа за првиот вицепремиер Изет Меџити, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, министерот на внатрешни работи Панче Тошковски и за заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени. 

932
СДСМ нема да ги поддржи интереплациите на ДУИ, зашто смета дека не се потребни нови етнички поделби.





– Да. Остануваме на ставот, тоа е и одлука на Извршниот одбор на партијата, нема да ги поддржиме и нема да гласаме за интерпелациите што се поднесени од ДУИ. Не се потребни нови поделби по етничка основа, за поднесување на интерпелација потребно е да се видат критериумите и секако сите оние аргументи коишто се поврзани со лошото работење на некој министер за да може да бидат тие поднесени и да бидат поддржани а не по етничка линија. Пратеничката група на координација ќе ги усогласи настапот на седницата – рече денеска портпаролоката на СДСМ Богданка Кузевска одговарајќи на новинарско прашање.

На пленарната собраниска седница во петок закажани се четири интерпелации поднесени од ДУИ и тоа за првиот вицепремиер Изет Меџити, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, министерот на внатрешни работи Панче Тошковски и за заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени.

Поврзани содржини