ФБИ ГО ПРОМЕНИ СТАВОТ ЗА НАПАДОТ ВО ЊУ ОРЛЕАНС Тоа е терористички чин
Човекот кој го предизвика инцидентот на новогодишната прослава во Њу Орлеанс, беше убиен од полициските службеници, наведува ФБИ.
Федералното истражно биро (ФБИ) соопшти дека смртоносниот напад со автомобил во Њу Орлеанс го смета за „терористички чин“.
Човекот кој го предизвика инцидентот на новогодишната прослава во Њу Орлеанс, беше убиен од полициските службеници, наведува ФБИ.
Инцидентот се случи на улицата Бурбон за време на новогодишната прослава околу 03:15 часот по локално време. Најмалку 10 лица загинаа откако човекот удри во толпа луѓе, а повеќе од 35 се хоспитализирани.
Претходно ФБИ соопшти став дека нападот со возилото не е терористички акт.
Сè уште нема информации за идентитетот на напаѓачот и за неговите мотиви.