НЕМА ВЕЌЕ ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНИ ВОЗИЛА Ќе се воспостави целосна контрола на патните трошоци

Поради недостатоци во проектот во владината Палата АСНОМ, склучен и наследен од претходната власт, СОЗР направи анекс на проектот за реконструкција која е во тек, а се преземаат и мерки за заживување на комплексот „Македонско село“ кое во изминативе 5 години е затворено и заборавено поради негрижа. Во моментов се врши и реконструкција на Клуб на пратеници, со цел да са врати функционалноста на објектот и неговиот имиџ, се наведува во соопштението на Службата за општи и заеднички работи.

457

„Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), во изминативе 6 месеци, откако со неа раководи Ивица Томовски, успеа да преземе бројни активности во насока на надминување на затекната состојба од претходното раководство. Уште од првиот ден, Службата се фокусираше на мерки со кои беше неопходно да се надминат многу од затекнатите проблеми и неефикасности, се интензивираше процесот на ревизија и оптимизација, генерално во насока на одговорно, отчетно и транспарентно управување со државните ресурси“.

Ова се наведува во соопштението на СОЗР, во контекст на успесите на службата во изминатите 6 месеци.






„За кусо време, СОЗР стави крај на недомаќинското работење, ги оптимизираше трошоците за набавка на пијалаци и апетисани за потребите на државните органи, ги покачи цените на угостителските услуги во владините објекти, со што минато станаа привилегиите за избраните функционери, а во завршна фаза е и постапката за ставање крај на лошите практики за злоупотреба на службените возила, преку изготвување посебен регистар и унифицирање на службените возила. СОЗР примени механизам за строга контрола на сите службени трошоци, со цел да се намалат непродуктивните патувања, кои биле пракса во минатото, а во насока на одговорно трошење и планирање на јавните средства“, се наведува во соопштението на СОЗР.

– Големо безредие и тотален хаос наследивме со државниот имот, од кој 80% од имотно-правни односи беа нерешени, се додава во соопштението, затекнавме запуштени вили – сопственост на државата, заборавени репрезентативни објекти. По извршена анализа на состојбите, конкретни чекори презедовме и во таа насока – вели Томовски.

„Поради недостатоци во проектот во владината Палата АСНОМ, склучен и наследен од претходната власт, СОЗР направи анекс на проектот за реконструкција која е во тек, а се преземаат и мерки за заживување на комплексот „Македонско село“ кое во изминативе 5 години е затворено и заборавено поради негрижа. Во моментов се врши и реконструкција на Клуб на пратеници, со цел да са вратат функционалноста на објектот и неговиот имиџ“, се додава во соопштението.

СОЗР во моментов врши анализи на условите за изградба на втора фаза од Жичницата, од црквата „Св.Јован“ во Капиштец до Средно Водно, како и за доградба на зградите на Факултетот за физичка култура (ФФК) и Факултетот за информатички технологии (ФИНКИ) во рамките на кампусот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, објекти кои 6 години се во фаза на карабина.

„И во наредната година ќе продолжиме со подобрување на системот за управување со цел да овозможиме транспарентност, отчетност и поголема ефикасност во работењето на сите нивоа, со што ќе се подигне нивото на доверба во оваа важна служба и ќе придонесе за понатамошен развој и напредок“, се вели со соопштението на СОЗР.

Поврзани содржини