НЕ ДОЧЕКАЛА ДА СТИГНЕ ВО БОЛНИЦА Жена се породила во такси во Црна Гора
Храбрата мајка од Никшиќ, која на необичен начин го донесе на свет своето бебе, има 27 години.
Бебе во Никшиќ, Црна Гора, се роди во такси. Мајката почувствувала болка и тргнала на породување, но не дочекала да стигне до болницата, јавуваат црногорските медиуми.
По невообичаеното породување, мајката и бебето веднаш биле згрижени во болницата во Никшиќ.
– И мајката и бебето пристигнаа во болница со такси. Веднаш по приемот беше пресечена папочната врвца и беа завршени сите други постпородилни процедури. Бебето е одлично, тешко 2.330 грама при раѓањето – потврдија во болницата во Никшиќ.
Храбрата мајка од Никшиќ, која на необичен начин го донесе на свет своето бебе, има 27 години.
Сличен случај имаше и во Македонија пред четири години, кога велешанка се породи во такси пред да влезе во болницата.
Според тогашните натписи во медиумите, кога стигнале пред болницата, таксистот ја отворил вратата од автомобилот и повикал помош од медицинските сестри. Папочната врвка беше пресечена во возилото.