ЌЕ СЕ ГРАДИ ЖИЧНИЦА ОД КАПИШТЕЦ ДО СРЕДНО ВОДНО Првата станица ќе биде кај црквата „Свети Јован“

Овој проект е важен за Скопје, а жичницата секојдневно се користи од голем број домашни и странски гости и затоа сакаме целосно да го поврземе градот со Водно, велат од Владата, објави СДК.

1,836

Владата најави дека ќе го продолжи овој проект за да може на планината Водно да се стигне без возила, пишува СДК.

Овој проект е важен за Скопје, а жичницата секојдневно се користи од голем број домашни и странски гости и затоа сакаме целосно да го поврземе градот со Водно, велат од Владата.






– Во наредниот период ќе се прават анализи односно ќе разгледаме што предвидувал претходниот проект, дали е потребно нешто да се корегира, па ќе излеземе со конечно решение во јавноста – вели Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст беше изградена во време на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ и беше пуштена во употреба на 3 јуни 2011.

По изградбата на првата фаза беше најавено дека ќе се гради и втората фаза.

Според тогашниот проект на Министерството за транспорт врски, се предвидуваше прва станица на жичницата да биде кај црквата „Свети Јован“ во Капиштец, оттаму да застанува кај Детската болница „Козле“ и потоа да продолжува кон Средно Водно и до Милениумскиот крст.

Поврзани содржини