МАЖИШТЕ, ЛИДЕРИШТЕ, ТОА Е ТОЈ, ЗОРАН ЗАЕВ Васко Ковачевски има напишано ода за неговиот херој од Шарената револуција

Во 2016 година, во времето на Шарената револуција, Ковачевски го воспеа тогашниот претседател на СДСМ, Зоран Заев, како храбар лидер што се борел за слободата, му се спротиставил на Никола Груевски и ја вратил надежта за Македонија. 

3,589

Васко Ковачевски, поранешниот директор на ЕСМ, кој е осомничен за злоупотреби во РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Осломеј вредни над 6 милиони евра, освен „талент“ да прави пари, има дарба и за стихови.

Неговата умешност да се додворува со зборови јавноста ја виде во слаткоречивата ода наменета за неговиот партиски лидер Зоран Заев.






Во 2016 година, во времето на Шарената револуција, Ковачевски го воспеа тогашниот претседател на СДСМ, Зоран Заев, како храбар лидер што се борел за слободата, му се спротиставил на Никола Груевски и ја вратил надежта за Македонија.

Две години по оваа ода за Заев, Ковачевски стана генерален директор на ЕСМ, а Зоран Заев го смени уставното име на државата, против волјата на македонскиот народ.

 

Поврзани содржини