На 05.12.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје, Б.Л.(18) од Скопје пријавил дека околу 13.30 часот во близина на средно училиште на подрачјето на општина Аеродром, тој и неговата другарка биле физички нападнати од три лица.
МВР информира дека тинејџерот во полиција рекол дека едно од лицата вперил пиштол кон него.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.