УЧЕНИЧКА ИСПИЛА КИСЕЛИНА ЗА ВРЕМЕ НА ЧАСОТ Тинејџерка од Обреновац се обидела да се самоубие
Според информациите, наставничката веднаш реагирала и повикала брза помош. Тинејџерката со возило на Брза помош била пренесена во клиниката во Тиршова.
Тинејџерка (16) утрово се обидела да се самоубие во просториите на училиште во Обреновац, Србија, пиејќи азотна киселина, а според неофицијални таа и претходно се обидела да си наштети.
Инцидентот се случил околу 08:30 часот на час по хемија пред другите ученици и професорката.
– Наставничката веднаш реагирала и повикала брза помош. Тинејџерката со возило на Брза помош била пренесена во клиниката во Тиршова, каде лекарите и пружиле помош – вели извор од истрагата.
Инаку, како што утврдила полицијата, оваа тинејџерка и претходно се обидела да се повреди.
– Склона е на самоповредување, бидејќи и претходно се обидела да се повреди – вели добро информиран извор.
Истрагата за овој инцидент е во тек. Во меѓувреме, полициските службеници од Обреновац имале разговор со надлежните од училиштето и ги утврдуваат сите детали за овој инцидент.
Контактирани се и родителите на девојчето со цел да се утврдат сите детали за овој инцидент.