ПЛАЌАМЕ 133 ЕВРА ЗА МЕГАВАТ ЧАС ПОРАДИ СДСМ И ДУИ Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека 7 години недомаќински се работело

Една од причините за енормниот раст на цената на струјата е неископот на јаглен и скапо увезениот јаглен. И тоа најверојатно се направило за да се им овозможи на одредени компании блиски до СДСM и ДУИ, да увезуваат јаглен и со тоа да остварат големи профити, велат од ВМРО-ДПМНЕ и посочуваат дека цената за мегават час електрична енергија се зголемила од 33 на 133 евра во последните седум години.

380

Граѓаните плаќаат скапа струја поради недомаќинското работење на претходната влада на СДСМ и ДУИ, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста. Од партијата велат дека СДСМ и ДУИ за свои лукративни интереси го уништиле енергетскиот сектор.

„Дека тоа е така може да се споредат сумите во различни периоди. На пример, во 2017 година кога со ЕСМ раководеше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски просечната цена за еден мегават час електрична енергија беше 33 евра, а сега истата изнесува 133 евра за мегават-час.






Освен ова, во периодот кога премиерот Мицкоски управувал со ЕСМ, производната цена за електрична енергија се намалила за 25% во однос на претходната.

Ова само покажува одговорно и домаќинско работење, што не е случај со изминатото седумгодишно раководство кое мислело на само на свои бизнис и лукративни интереси.

И со секоја следна година од доаѓањето на власт на СДСM и ДУИ, цената на произведената електрична енергија по мегават-час постојано растеше, за годинава да достигне рекордни 133 евра.

Една од причините за енормниот раст на цената на струјата е неископот на јаглен и скапо увезениот јаглен. И тоа најверојатно се направило за да се им овозможи на одредени компании блиски до СДСM и ДУИ, да увезуваат јаглен и со тоа да остварат големи профити.

Бизнис интересот и лакомоста за големи профити на СДСM и ДУИ ги плаќаме сите ние, преку поскапа цена на струјата.

Можеби ќе треба време за да се намали цената на струјата, но преку посветено, одговорно и домаќинско работење на новото раководство на ЕСМ тоа ќе се постигне.

Набрзо од денес енергетскиот систем во Македонија ќе биде целосно консолидиран и вратен во нормална состојба, што ќе доведе и до пониски цени на електричната енергија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини