АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК НЕ Е ПОД ЗАКАНА ВО МАКЕДОНИЈА Курти верува дека Уставниот суд во Скопје ќе донесе правeдна одлука

Од друга страна верувам дека сите треба да чекаме една правична одлука на Уставниот суд во Македонија, кој нема да направи ниту исклучување, ниту дискриминација, и кој го почитува повеќејазичниот карактер во Македонија кој несомнено постои, рече косовскиот премиер на заедничката пресконференција со неговиот македонски колега во Приштина.

307

Премиерот на Косово, Албин Курти по заедничката меѓувладина седница со македонската и косовската влада го коментираше статусот на албанскиот јазик во Македонија и коментарите на опозициската ДУИ во Македонија дека тој е наводно загрозен.

Курти смета дека треба да се почека одлуката на Уставниот суд во Македонија кој, според него, нема да направи ниту исклучување ниту дискриминација и го почитува повеќејазичниот карактер во земјата.






– Во Северна Македонија нема закон за употреба на албанскиот јазик ниту, пак, имало во минатото. Постои Закон за употреба на јазиците што го говорат најмалку 20 отсто од граѓаните. А, тоа не е закон за албанскиот јазик, туку Закон за употреба на јазиците. Од друга страна верувам дека сите треба да чекаме една правична одлука на Уставниот суд во Македонија, кој нема да направи ниту исклучување, ниту дискриминација, и кој го почитува повеќејазичниот карактер во Македонија кој несомнено постои. Знаете вие во Косово дека Албанци се 93%, четири посто се Срби, а српскиот јазик е службен тука кај нас. Но, во Македонија не може да се каже дека албанскиот јазик е службен јазик, и сега е под закана. Ова не е вистина – рече Курти.

Претходно, Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Македонија изрази очекување од владите на Косово и Албанија да го заштитат албанскиот јазик.

 

Поврзани содржини