НЕ САКАМ ДА СУМ ДЕЛ ОД РАКОВОДСТВОТО НА СДСМ Славјанка ќе делува само како пратеничка
Не сакам. Ќе останам пратеник на СДСМ и ќе се залагам за сето она што им го презентирав на граѓаните во рамките на предизборната кампања за парламентарните избори, рече пратеничката Славјанка Петровска.
Пратеничката Славјанка Петровска смета дека опозициската партија СДСМ има сериозна обврска да го заврши изборот на раководството.
Таа рече дека има комуникација со актуелниот претседател за партиски и собраниски потреби.
За споровите во СДСМ таа вели дека тие не треба да се решаваат на социјалните мрежи, туку во партијата.
– Мислам дека е рано да се каже дали се консолидирани редовите или повеќе би сакале да го покажаме тоа јавно. Ова е период во кој СДСМ е во фаза на избор на ново раководство по изборот на претседател на партијата. На 24 ноември се поставени двата конгреса, односно продолжување на започнатиот пред партиските избори и секако новиот каде ќе треба да се верификуваат мандатите на новите делегати, но и избор на сосема нова партија. Лидерството мора да започне – рече Петровска.
Поранешната министерка за одбрана рече дека не планира да биде дел од раководството на СДСМ.
– Не сакам. Ќе останам пратеник на СДСМ и ќе се залагам за сето она што им го презентирав на граѓаните во рамките на предизборната кампања за парламентарните избори – рече Петровска.