СТРАШНА СООБРАЌАЈКА НА МАГИСТРАЛАТА ОХРИД-КИЧЕВО Тешко повредена е 72-годишна жена

Во четвртокот е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај девијацијата за село Ново Село, општина Дебрца, патничко возило „сеат“ излетало од патот.

418

Во четвртокот се случила страшна несреќа на магистралата Охрид-Кичево кога автомобил излетал од патот, а во несреќата, со тешки повреди завршила во болница 72-годишната сопатничка на возачот.

„На 14 ноември 2024 година, во 07.30 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај девијацијата за село Ново Село, општина Дебрца, патничко возило „сеат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.М.(54) од Кичево, излетало од патот“, соопшти Министерството за внатрешни работи.






Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 72-годишната сопатничка С.Ѓ. од Кичево, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Поврзани содржини