ПРЕГАЗИЛ ЖЕНА ВО МАРИНО Скопјанец дивеел со „Хонда“ под дејство на дрога

Возачот под дејство на опојна дрога не можејќи навреме да запре ја удрил жената која се здобила со тешки телесни повреди и починала. Тој возел со брзина поголема од дозволената.

203

Скопјанец на 2 ноември прегазил жена пешак  управувајќи автомобил „Хонда“ под дејство на опојна дрога. Тој возел со недозволена брзина и се доближил до раскрсница меѓу две улички не забележувајќи ја жената.

Жената се здобила со тешки телесни повреди и починала. Осомничениот 46-годишен маж по несреќата веднаш го напуштил местото на настанот и се обидел да го прикрие стореното кривично дело.






„Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2, а во врска со член 297 став 1, но и кривично дело Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода според член 301 став 2 од Кривичниот законик“, соопштија од ОЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Поврзани содржини