АКО ИЗГУБАМ НА ИЗБОРИ СЕ ВРАЌАМ ДОМА Ахмети вели дека четврт век истото го зборува

585

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети на вечерашната средба со граѓаните во Куманово нагласи дека доколку загуби на изборите ќе се повлече од политиката.

Ова изјава на Ахмети доаѓа откако вчера коалицијата Вреди му порача дека ако тој навистина сака предвремени парламентарни избори, да депонира писмена гаранција дека кога ќе загуби, ќе си замине од политиката.

– Слушнав, бараат да потпишам кај нотар дека доколку со еден глас ги загубам изборите, нема да бидам дел од власта. Четврт век велам, ако ги изгубам изборите, се враќам дома – рече Ахмети.

Поврзани содржини