СЕ ФРЛИЛ ВО ВАРДАР, БЕГАЈЌИ ОД ПОЛИЦИЈА Млад скопјанец заврши со тешки повреди

Полицајци го легитимирале Ф.А.(24) од Скопје, а тој, откако им ја дал личната карта, скокнал во Вардар, вчера во Аеродром.

252

Млад скопјанец заврши со тешки повреди откако се фрлил во реката Вардар, бегајќи од полиција.

Настанот се случил вчера во Аеродром.






„На 28.10.2024 во 17.04 часот во Скопје на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје додека вршеле легитимирање на Ф.А.(24) од Скопје, тој откако им ја дал личната карта, се обидел да избега и се спуштил на патеката за пешаци покрај реката Вардар. Скокнал во реката, при што се здобил со тешки телесни повреди“, соопшти полицијата.

Се работи на расчистување на настанот.

 

Поврзани содржини