ДИРЕКТОРОТ НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ВО ЗАГРЕБ ЗАГИНА НА РАБОТА Анте Ќорушиќ паднал од противпожарните скали

Полицијата е на лице место и во тек е истрага за околностите на смртта на долгогодишниот директор на најголемата болница во Хрватска.

3,228

Директорот на Клиничкиот центар „Ребро“ во Загреб, Анте Ќорушиќ, денеска загинал на работното место, јавуваат хрватските медиуми.

Според непотврдени информации, тој паднал од противпожарните скали на управната зграда.






Полицијата е на лице место и во тек е истрага за околностите на смртта.

„Можам да потврдам, човекот е мртов. Страшно“, накратко изјавил заменик директорот на „Ребро“ Миливој Новак за  хрватскиот портал Индекс.

Д-р Анте Ќорушиќ со  години беше директор на најголемата болница во Хрватска.

Поврзани содржини