ЈАХЈА СИНВАР Е МРТОВ! Нетанјаху ја потврди смртта на лидерот на Хамас, но порача дека војната не е завршена

Синвар е одговорен за најголемиот масакр на Евреите по Холокаустот, главниот терорист кој уби илјадници Израелци и киднапираше стотици граѓани беше убиен од нашите херојски војници. Сметката е платена, рече Нетанјаху.

367

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска, по убиството на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, дека војната на Блискиот Исток се уште не е завршена и дека палестинската милитантна група нема да остане на власт во Појасот Газа.

– Граѓани на Израел, Јахја Синвар е мртов. Одговорен за најголемиот масакр на Евреите по Холокаустот, главниот терорист кој уби илјадници Израелци и киднапираше стотици граѓани беше убиен од нашите херојски војници. Сметката е платена – рече Нетанјаху.






Тој ги предупреди членовите на палестинскиот Хамас дека нивните водачи „ќе бидат елиминирани“, додавајќи дека на секој милитант што ќе ги ослободи заложниците и ќе го положи оружјето ќе му биде дозволено „да оди и да продолжи да живее“.

Поврзани содржини