ГОРАТ КАКО СВЕЌИ – 4 АВТОМОБИЛИ ЗАПАЛЕНИ ВО ЧАИР Вкупно 7 возила изгореа за 2 дена во Скопје

Нема повредени лица, а пожарите ги изгаснале скопските пожарникари.

4,232

Четири автомобили изгореа ноќеска во Чаир, а три вчера наутро во Аеродром.

Нема повредени лица, а пожарите ги изгаснале скопските пожарникари.






„На 12.10.2024 година во 2.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Цветан Димов во Скопје било опожарено патничко возило опел мерива со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Н. од Скопје. Од пожарот биле зафатени две возила опел со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Р. од Скопје и возило тојота, со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Скопје“, соопшти полцијата.

Вчера наутро три возила се запалија на улицата Венјамин Мачуковски. Прво се запалил рено меган со скопски таблички, сопственост на С.С.(34) од село Р`жаничино, а потоа биле зафатени и скопско пежо, сопственост на Р.Џ.(33) и мазда со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Н.(40).

Поврзани содржини