ОД ПАРИЧНИК НА ПАТНИКОТ СИ ЗЕЛ 1700 ДЕНАРИ Таксист „одрал“ брачна двојка од Австралија
На 05.10.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје, Ј.К.(37) од Австралија пријавил дека околу 19.40 часот во Скопје, тој и неговата сопруга влегле во такси возило, кое ги однело од трговски центар во Скопје до крстосницата помеѓу бул.„Кузман Јосифовски Питу” и ул.„Беласица” и за тоа на такси возачот му платиле 200 денари за еден километар, информира МВР.
Но, возачот им кажал дека не е доволно и од паричникот на патникот сам зел околу 1700 денари, а потоа им рекол да го напуштат возилото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.